Струга активно вклучена во решавање на проблемот со депонијата преку регионален систем за отпад
Струга се позиционира како активен чинител во решавањето на долгогодишниот проблем со управувањето со отпадот и депониите, преку учество на Регионалниот форум „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“.
На форумот присуствуваа градоначалникот Менди Ќура и директорот на ЈП „Комунално“ – Струга, Ресул Чолаку, заедно со претставници од централната власт, општините и меѓународни партнери, во момент кога реформите во управувањето со отпад во Југозападниот регион добиваат на интензитет.
Форумот претставува значајна платформа за утврдување на конкретни чекори кон воспоставување функционален регионален систем, кој треба да понуди трајно решение за проблемите со депониите, вклучително и во струшкиот регион. Во фокусот се подобрување на инфраструктурата, засилена институционална координација и подигнување на квалитетот на комуналните услуги.
Од Општина Струга истакнуваат дека преку активно учество во процесот се креираат современи и одржливи решенија, усогласени со европските стандарди, со цел конечно надминување на еколошките предизвици поврзани со отпадот.
Со вакви иницијативи, Струга прави конкретни чекори кон решавање на проблемот со депонијата и создавање почиста и поздрава животна средина, во партнерство со останатите општини и институции од регионот.
StrugaOnline

