Струга беше домаќин на 19-тата Регионална ревија на песни, музика и игра за пензионери

- Локални
510

Во прекрасниот амбиент на манастирскиот коплекс во Калишта,во хотелот „Бисер“ во Струга, на 7 јуни 2021 година се одржа 19 –тата Регионална ревија на песни, музика и игра од Осмиот регион.  На оваа фолклорна манифестација од западниот регион учествуваа здруженијата на пензионери од Струга, Дебар, Лабуништа, Вевчани, Охрид и Дебарца, Македонски Брод, Кичево и Гостивар, организирани од страна на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија,а како домаќин на овогодишната 19 –та ревија по трет пат беше здружението на пензионери од градот на поезијата,Струга.

Пензионерите на свеченото отворање ги поздрави претседателот на ЗП Струга Милорад  Трпоски, и им посака добар настап на учесниците, а на гостите пријатен престој во градот.

Тој посебно го поздрави присуството на Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Илија Адамчевски,претседател на собранието на СЗПМ, Ристо Трајкоски и Благоја Спироски ,членови  на Републичката комисија за култура иСлавко Трајкоски член на Извршниот одбор на СЗПМ.

Ревијата за отворена ја прогласи Станка Трајкова претседателка на Сојузот на пензионери на Македонија,која во своето инспиративно обраќање го истакна значењето на оваа најмасовна пензионерска културна и мултиетничка манифестација која особено во овој регион има голем придонес во негувањто на културната еднаквост и соживот помеѓу припадниците на сите етнички заедници. Притоа таа го нагласи и поширокото значење и придонесот на ревијата во Република Македонија,за што Министерството за култура ревијата ја прогласи за манифестација од посебен државен инерес.

-Ова манифестација, која е плод на заложбите на највозрасната,но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција,е резултат на силната желба, посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје. Само посебе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење,социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите.-истакна Трајкова.

Сцената први ја освоија домаќините,  учесниците од ЗП Струга каде силно заечи музиката и настапија со песната ,,Како Струга нема друга“, а потоа следуваа настапите на   ЗП Кичево, Гостивар, Охрид и Дебарца, Македонски Брод и   ЗП Дебар.

Учесниците настапија со изворни народни и староградски песни на македонски и на албански јазик,а во блесокот на разнобојните традиционални носии се препознзваше мултиетничноста и заедништвото што со векови се негува на овие простори.

Оваа година беа воведени нови содржин: настап со лиературни творби, рецитали, кратки поговорки, скечеви, гатанки кои дадоа убави пораки.Симболиката на мултиетничкиот карактер на средбата беше искажана и со двојазичното водење на ревијат од Кристина Алексиеска и Шпреса Хоџа,како и со заедничко дружење на отворено на терасата во хотлот „Бисер“

Благодарници за успешниот настап на учесниците им врачи претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија Стакнка Трајкоска.

Поради вонредните услови предизвикани од корона вирусот, ревијата се одржа на отворено каде што настапија осумдесеттина учесници.

Со цел да се заштити здравјето на учесниците и гостите, беа испочитувани  предложените мерки од надлежните институции и од организаторот ЗП Струга.

На овогодишната Регионална 19 ревија, изостанаа хоровите, играорните групи,обичаите со настап на поголем број на учесници.А приоротет беше даден само на изведби, дуети,трио и квартет,а најмногу до четири изведувачи,во траење од 3-4 минути.

19-та  Региинална ревија на песни, музика и игри ја следеше стручна жири комисиа формирана од СЗПМ,односно тоа беше истакнатиот режисер Томче Стојков, кој дополнително ќе  извести кои групи односно кое Здружение на пензионери ќе настапи на Репуличката културна манифестација која ќе се одржи на 23 јуни во Скопје.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари