Струга достојно го одбележа 8-ми ноември

- Локални
420

Градот Струга достојно го одбележа 8-ми Ноември, денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

На овој светол ден, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19, во организација на ОО на Сојузот на борците и ЗП Струга, претставници на локалната самоуправа на Општина Струга, делегации на АРМ, политички партии, делегација од ветераните на одбраната и безбедноста, почитувачите на оваа епопеја и роднини на загинатите во времето на НОВ, родени во овој крај, заеднички се поклонија пред спомен обележјата и полжија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата и на бистите на првоборците кои ги положија животите  пред 76 години за денешната слободна Струга и Македонија.

Сонот за слободна Струга и вековниот стрмеж на македонскиот народ стана јаве на 8 Ноември 1944 година.

– Аманетот на борците,од кои голем дел ги дадоа своите животи за денешната слобода се исполни, а ние се гордееме што живееме во своја независна држава.Одовде упатуваме апел до младите генерации да го следат патот на постарите да ја чуваат, сакаат и развиваат својата татковина.

Од името на ОО Сојузот на борците  и мое лично име, на сите граѓани на Струга и струшко им го честитам Денот на ослободувањето 8 Ноември.Нека е среќен и вековит – изјави во своето кратко обраќање првиот човек на ОО на Сојузот на борците –  Струга, Ајредин Мемеди.

Тој додаде дека на 8 Ноември 1944 година до доцна во ноќта во градот Струга не стивнувала народната веселба .Улиците биле преполни со луѓе од градот и околните села, измешани со борците на бригадите што учествувале во ослободувањето на Струга. За прв пат во својата богата историја градот на двете води ја славеше слободата кон која со векови се стремел.

Текст- Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари