Струга е домаќин на Меѓународна конференција за енергетика

- Локални
655

Денеска и утре  Струга e домаќин на Меѓународна конференција за енергетика „Македонски енергетски форум-2019″.

Темата за оваа година е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност”.

Конференцијата  ја отвори премиерот Зоран Заев, а свое обраќање ќе има и в.д амбасадорката на САД во земјава Маикаела Швајцер – Блум.

На конференцијата е најавено присуство на високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката. Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, а  посебен панел ќе има за родовата застапеност во сферата на енергетиката.

Конференцијата е во заедничка организација на АД Електрани на Северна Македонија, Влада на Р. Северна Македонија, Амбасада на САД и невладината организација ЗИП Институт.

Strugaonline

Facebook Коментари