Струга е домаќин на првиот турнир во пионерска лига во женска конкуренција

- Локални, Спорт
694

Денеска во Струга, во спортска сала „Нико Нестор“ се одржува првиот турнир во пионерска лига во женска конкуренција.

Првиот натпревар започнува во 11:15 часот каде се сретнуваат Бадел 1862 од Скопје и Јуниор од Битола.

Во 12:30 часот играат домаќините Струга 2009 со тимот на Гостивар, а за 13:45 e закажан натпреварот помеѓу Јууниор Битола и Струга 2009.

Инаку, во Прва лига жени, во четвртото коло Струга 2009 славеше над тимот на Патриот од Делчево со резултат 68:38. По четвртини 19:06;12:10;21:09;16:13 , a утре, во рамките на петтото коло, ЖКК Струга 2009 гостува во Кавадаци кај екипата на „Пробаскет Академија“

Strugaonline

Facebook Коментари