Струга е домаќин на Светското екипно првенство во шах за сениори

- Локални, Македонија
324

Од 18.09.2023 до 28.09.2023 Шаховската Федерација на Македонија е организатор на Светското Екипно Првенство во Шах за Сениори, истото се одржува во Струга

Свеченото отварање на првенството се одржа на 18.09.2023 во хотел Изгрев во Струга каде што во присуство на голем број гости, шахисти и официјални претставници на присутните им се обратија претседателот на ШФМ Саша Богдановиќ, почесниот претседател на комисијата за организирање на настани на Светската Шаховска Организација (FIDE) Озгур Сулакоглу и заменик директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Исак Лизами.

,,Првенството се одржува во две старосни категории за шахисти постари од 50 години и шахисти постари од 65 години. На истото учествуваат 48 екипи од целиот Свет, вкупно 220 шахисти меѓу кои 37 велемајстори, 2 женски  велемајстори и повеќе од 100 титулирани играчи ќе ги водат своите шаховски битки. Партиите ќе се играат секој ден во конгресната сала на хотел Изгрев, со почеток во 15:00 часот. Салата ќе биде отворена за посетители, сите љубители на шахот кои сакаат одблизу да го следат првенството се добредојдени. Како организатор го задржуваме правото да го ограничиме правото на влез доколку настане преголем метеж во салата за игра.“ -информираат од ШФМ.

Македонија има 4 екипи пријавени на ова првенство и тоа три во категоријата за играчи постари од 50 години:

  1. С. Македонија Алкалоид во состав: ГМ Кирил Георгиев, ВМ Трајко Недев, ВМ Влатко Богдановски, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Роландо Кутиров
  2. С. Македонија Слепи во состав: Жарко Седловски, Зоран Костадиновски, Санде Атанасаов, Блаже Атанасовски
  3. С. Македонија Жени 50 во состав: Маре Крстевска, Снежана Брзовска, Лиле Аларова, Хилда Црнеска, Олга Ангеловска

И една екипа во категоријата за играчи постари од 65 години во состав: Миле Трајковски, ФМ Александер Кралевски, Илија Стошевски, ФМ Љубомир Илиќ, ФМ Љубомир Хаџи-Манев

Партиите ќе се играат на електронски табли и истите ќе се пренесуваат во живо на YouTube каналот на FIDE https://www.youtube.com/@FIDE_chess/streams со шаховски коментар од нашиот познат велемајстор некогашен член на шаховската репрезентација на Македонија ГМ Александар Чоловиќ.

Свеченото затварање ќе се одржи на 28.09.2023 во 20:00 часот во хотел Изгрев.

На Свеченото затварање свое присуство потврдија:

  • Аркадиј Дворкович – претседател на FIDE,
  • Озгур Солакоглу – почесен претседател на комисијата за организирање на шаховски настани во FIDE,
  • Небојша Баралиќ – секретар на судиската комисија на FIDE,
  • Наумче Мојсовски – директор на Агенција за Млади и Спорт,

За време на првенството е предвиден и еден слободен ден на 25.09.2023 за кога се предвидени туристички прошетки со бротче до Свети Наум, до Охрид итн.

Strugaonline

Facebook Коментари