Струга го освои шампионскиот пехар на пионерското првенство во ракомет, откако во финалето го совлада составот на КЛ7 со резултат 23:18.
Нашите ракометари уште на почеток ја најавија цврстата и организирана игра, после само неколку минути од стартот на натпреварот имаа водство од 4:1. КЛ7 не можеше лесно да фати приклучок бидејќи стружани се покажаа доста цврсти во одбрана.
Сепак, при крај на првото полувреме гостите намалија на два разлика , а на крај на првиот дел Струга имаше само 1+ , односно резултатот беше 13:12.
Во второто полувреме стружани лесно се одлепија, откука стигнаа до 16:13 потоа само ја одржуваа предноста до самиот крај, а тоа им донесе трофеј.
Металург со победата над Тиквеш од 30:22 го освои третото место во пионерската конкуренција.
Facebook Коментари