Струга е подготвена за традиционалната Литија што ќе се одржи на 7-ми мај

- Локални
677
 Во кабинетот на Градоначалникот, на работна средба учествуваа претставници на Македонската православна црква од црквата Св.Ѓорѓија во Струга и претставници на Министерството за внатрешни работи од Полициската станица во Струга, во врска со организирањето на црковната литија за чествувањето на празникот Св.Ѓорѓија на ден 07.05.2023 година.
„Во Струга владее многу пријатна атмосфера, како никогаш досега, бидејќи нашите граѓани не прават никакви етнички или верски разлики меѓу себе, нема никакви проблеми и се надеваме дека ќе биде вака“, изјави градоначалникот на општината г-дин Рамис Мерко.
„Оваа традиционална прослава на православните верници од Струга секоја година станува се’ поголема и поатрактивна, затоа сме среќни и се молиме ова црковна церемонија и оваа година да не‘ најде сите добро“, рече свештеникот од црквата Св.Ѓорѓија во Струга.
„Полициската станица од Струга презема активности за што подобро одвивање на оваа верска манифестација во Струга, пред се, за регулирање на патниот сообраќај, како за возилата, така и за пешаците, преку посебен режим во патниот сообраќај, за некои од главните улиците на градот. Секако тука спаѓа и обезбедувањето јавен ред и мир“, потенцираше командирот на полициската станица од Струга.
Литијата за Св.Ѓорѓија ќе се одржи на 7 мај 2023 година (недела) од 16:00 до 19:00 часот.

Facebook Коментари