Струга ќе биде домаќин на Меѓународна натпреварувачка кајак регата “Green Kayak “

- Локални, Спорт
517
Под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“ на 23-ти и 24-ти септември, во Струга, ќе се спроведат финалните активности од проектот „Зелен Кајак“, во организација на Кајак кану клубот ДРИМ од Струга.

На првиот спортски ден, со почеток во 10:00 часот. на „Машка Плажа“ ќе се одржи Еколошка регата за  сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (СУП, кајак, кану), потоа ќе следува
мини обуки за управување на кајак за сите заинтересирани посетители.
Потоа ќе следуваат еколошки работилници за сите заинтересирани посетители на настанот.
На 24-ти септември во недела со почеток во 10ч. од Машка плажа во Струга ќе стартува
Меѓународната натпреварувачка кајак регата.
Учесници во регатата се кајак клубовите: Дрим од Струга, Братство од Србија, Хрватски кајакшки сојуз, Водна земја од Бугарија
Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи спортови на вода.
Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата ЕРАСМУС.
Strugaonline

Facebook Коментари