Струга ќе биде домаќин на првата македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“

- Локални
852

Од утре, па се до 5-ти јули Струга ќе биде домаќин на првата македонско-грчка ликовна колонија насловена како „Културен мост“, а во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје.

На оваа ликовна колонија ќе се претстават тројца млади стружани, пет македонски сликари и шест познати уметници од Грција. Нивните дела ќе бидат изложени на 6 јули во Чифте Амам во Скопје.

Покрај Струга, учесниците ќе се запознаат и со убавините и знаменитостите на Калишта, Радожда, Вевчани, Охрид и кањонот Матка.

Преку овој проект здружението на граѓани „Концепт“ дава свој придонес во заложбите за добрососедство, пријателство, соработка и комуникација меѓу уметниците на двете држави, со што истовремено се развиваат и продлабочуваат и културните односи меѓу Република Македонија и Република Грција.

Facebook Коментари