Струга подготвена за Водици 2022, фаќачот на крстот ќе добие подарок од градоначалникот

- Локални
889
Во просториите на Општина Струга денеска се одржа состанок околу организација за празникот Богојавление-Водици (19.01.2022).
-Општина Струга и  градоначалникот Рамис Мерко како секоја година, така и оваа целосно го поддржуваат овој настан. Фаќачот на крстот и оваа година ќе добие подарок од градоначалникот.  Од страна на МВР Сруга ќе се обезбеди јавниот ред и мир , движењето од храмот Св.Ѓорѓија, низ струшката чаршија до мостот каде ќе се одвива настанот како и фреквентните улици низ градот во текот на целиот ден. -информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека  Црвен Крст Струга обезбеди четворица спасители со опрема, а Брза помош болничко возило со стручен персонал.
Екипа од  ТППЕ-Струга  ќе биде логистика на спасувачките тимови од Црвениот Крст.
 Екипите на ЕВН ќе го проверат теренот, а светлата кои се во реката ќе бидат целосно исклучени заради поголема безбедност.
Strugaonline

Facebook Коментари