Струга повторно трчаше за своите соништа – успешно одржано второто издание на Дрим Ран
Струга и годинава беше во знакот на спортот, рекреацијата и здравиот начин на живот. Во неделата се одржа второто издание на „Дрим Ран“, спортска манифестација која на едно место собра околу 400 учесници од различни возрасти и со различно ниво на физичка подготвеност.
Учесниците имаа можност да се натпреваруваат во две категории – атлетската „Трим & Лум“ трка на 10 километри и рекреативната трка на 5 километри, со што настанот понуди можност и за искусните атлетичари и за љубителите на рекреативното трчање.
Организаторите оценуваат дека и второто издание на „Дрим Ран“ поминало успешно, со одлична атмосфера и голем интерес од граѓаните и учесниците.
Настанот беше реализиран со поддршка на Општина Струга и градоначалникот Менди Ќура, кој, како што посочуваат организаторите, се заложил манифестацијата да биде реализирана во најдобри услови. Поддршката, велат од „Дрим Актив“, претставува потврда за значењето на спортот и создавањето услови за развој на спортските настани во градот.
Победници на „Дрим Ран 2026“
На атлетската трка на 10 километри, во женска конкуренција најдобри беа:
- Прво место: Адријана Поп Арсова Рашиќ – 39:08
- Второ место: Милена Чкрипеска – 43:50
- Трето место: Марија Гинова – 47:46
Во машка конкуренција:
- Прво место: Жан Тосев – 34:47
- Второ место: Христијан Трајчески – 37:05
- Трето место: Трајче Илијевски – 37:21
На рекреативната трка на 5 километри, во женска конкуренција:
- Прво место: Софија Кутаноска – 21:41
- Второ место: Викторија Тодоровска – 22:10
- Трето место: Кристина Караџинска Неделковска – 24:11
Во машка конкуренција:
- Прво место: Климент Гашоски – 18:38
- Второ место: Методиј Богоевски – 19:15
- Трето место: Петар Милески – 19:20
Од „Дрим Актив“ им честитаат на сите победници и учесници за постигнатите резултати и спортскиот дух што го покажаа во текот на трките.
Организаторот, Здружението за спорт и рекреација „Дрим Актив“, упати благодарност до сите учесници кои со својата енергија и позитивен дух придонесоа второто издание на „Дрим Ран“ да биде успешно.
Посебна благодарност е упатена до волонтерите, Црвениот крст, ЈП „Комунално“, како и до сите институции, организации и поединци кои помогнаа настанот да се реализира безбедно и успешно.
Благодарност следува и до спонзорите и поддржувачите на „Дрим Ран“, кои го препознаа значењето на вложувањето во спортот, здравјето, младите и иднината на Струга.
Второто издание на „Дрим Ран“ уште еднаш покажа дека спортот може да ги обедини граѓаните и да создаде позитивна енергија во заедницата, но и да придонесе кон промоција на Струга како град на спортот, рекреацијата и активниот живот.
StrugaOnline

