Струга Трим и Лум на домашен терен загуби од литвански Жалгирис

- Локални, Спорт
372

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим и Лум, беше елиминирана во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони. Вчера на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, Струга Трим и Лум загуби од литвански Жалгирис со резултат 1:2 (0:0).

Стружани први стигнаа до водство во 76-та минута од натпреварот кога беше досуден пенал за Струга Трим и Лум, кој за 1:0 успешно го реализираше Ибраими. Гостите израмнија 1:1 преку Кендиш во 78 минута, а само шест минути подоцна со автоголот на Радиќ,  литванците поведоа со 1:2, што беше и конечен резултат.

Жалгирис во следното коло од квалифокациите за Лигата на шампиони игра двомеч со турскиот гигант Галатасарај, а Струга Трим и Лум мечевите во Европа ќе ги продолжи во квалификациите за Конференциската лига во кои ќе се сретне со црногорскиот претставник Будучност од Подгорица.

Strugaonline

фото: F.C Struga

Facebook Коментари