Струшкиот Центар за култура доби над два милиони денари за проекти од Министерството за култура

- Локални
1188

Финансиските средства за Годишната програма за 2022 финансирана од страна на Министерството за култура за НУ- Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга оваа година се двојно зголемени, со што вкупниот буџет финансиран од страна на Министерството изнесува над  два милиони денари.

-Во сите дејности почнувајќи од музичко- сценска, фолклорна, ликовна, библиотечна и драмска дејност годинава  се одобрени повеќе проекти со што на наше задоволство и на задоволство на публиката културните активности се збогатени со голем број содржини.- информира директорката на НУ- Центар за култура „Браќа Миладиновци“, Николина Велкоска Глигороска.

Станува збор за фестивали кои се традиционални, како „Фолк- мост“ од меѓународен карактер, потоа Мултиетничкиот фестивал за деца, Годишниот концерт на КУД „Илинден“ кое работи во рамките на домот на културата и други.

Во делот на ликовната дејност публиката оваа година ќе може да ужива во ликовните творби на уметници од нашата земја и пошироко, за што оваа година исто така има  повеќе доделени средства.

-Годинава  за првпат се финансираат проекти во делот на валоризација на културното наследство со кој се опфатени народните носии на Установата, потоа збирката изданија на струшките вечери на поезијата и роднокрајната збирка. Тоа е вистинско богатство за Струга и Република Северна Македонија, дела во кои се вткаени културата, уметноста, поезијата  и традицијата. Тие содржат ретки податоци за развојот на Струга и струшко, како и ра почетоците и развојот на престижната светска поеска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ .-додава Велкоска Глигороска.

Во делот на инвестициите, директорката најавува дека  ќе се изврши целосна реконструкција  на платото пред  дирекцијата на установата, односно пред влезот на Летна сцена за што  исто така за реализација  на проектот се одобрени  финасиски средства од Министерството за култура.

-Изминатите две години работевме во едни навистина поинакви услови заради светската пандемија и како установа успеавме да ги реализираме речиси сите проекти , но оваа година се надеваме дека условите ќе бидат даелку  поинакви со цел успешна реализација на сите активности предвидени во годишната програма .-појасни директорката.

Од струшкиот Центар за култрура изразуваат благодарност до  Министерството за култура и министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска и Владата за покажаниот интерес за подобрување на условите, како и за зголемениот број на културни активности.

Националната установа во Струга останува отворена за сите уметници, културни работници и добронамерници кои сакаат да творат и да создаваат трајни дела со цел развој на културата како еден од најголемите области од висок национален интерес.

Strugaonline

 

Facebook Коментари