Струшкиот џудист Марио Нелоски го прими лекот Трикафта и е во добра здравствена состојба

- Локални
2056

Младиот струшки џудист Марио Нелоски пред неколку денови го прими лекот трикафта на Клиниката за детски болести и е во добра здравствена состојба.

Марио е пресреќен што ја прими терапијата, а јас сум задоволен што го подобруваме животот на пациентите со цистична фиброза. Верувам дека повторно во иднина ќе настапува на натпревари во џудо и ќе го бодрам на трибините за освоени следни медали со кои сите ние ќе се гордееме!”, изјави министерот за здравство Меџити.

Марио 11 години се занимава со спорт. Цистична фиброза му е дијагностицирана кога имал три месеци.  За него, најважно од сѐ е здравјето, но и да настапува на големи натпревари за да докаже дека момче со оваа ретка болест може да го оствари својот сон и да направи успех што ќе се памети.

Пациентите со цистична фиброза во следните две години се обезбедени со Трикафта. Владата на седницата од 24 ноември 2023 година одобри 854 милиони денари за набавка на лекот којшто се користи како стандардна терапија за третман на оваа група пациенти.

StrugaOnline

Facebook Коментари