Струшкиот уметник Горан Ристовски утре ќе има изложба во Скопје

- Локални, Македонија
208

Изложбата ,,Траги“ од струшкиот уметник Горан Ристовски утре ќе биде отворена во КСП Центар- Јадро во Скопје со почеток во 20:00 часот.

„Во овој негов циклус дела, заинтригиран од модификацијата на природниот пејзаж, и одново „привлечен“ од сензацијата која цртачките елементи на изразот и класичниот графички отисок се способни да ја дадат, Ристовски, инаку графичар по вокација, одново се навраќа на чистиот графички израз, претставувајќи ни цртежи и графики, овојпат работени исклучиво во техника линорез, со димензии кои варираат главно помеѓу 100х60см, 80х50 и 50х70см.“- вели Ангела Витановска, историчар на уметнос, за делата на Ристовски.

„Горан Ристовски ја критикува човечката сурова интервенција врз природната средина низ финиот апстрактен цртеж и експресивно педантно изработената графика. Погледот ни го заматуваат меката линија и потезите на бришење, создавајќи експресивно линеарен третман кој ги спојува цртежите и графиките (линорези) во нови „Избришани пејзажи”. Тој ни нуди некои природни простори што некогаш постоеле. Уметникот својот активизам го практикува забележувајќи сцени од девастација на природата, повикувајќи на свесност, а не бегство во индиферентност.“- вели Дијана Томиќ Радевска, куратор.
Изложбата ќе биде отворена до 1-ри ноември.
Strugaonline

Facebook Коментари