Струшките пензионери на 21-та регионална ревија на песни, музика и игра

- Локални, Македонија
526

На 16 мај 2023 година, во градот Гостивар, се одржа 21-та регионална ревија на песни, музика и игри од 8. Регион во организација на СЗПМ на која домаќин беше ЗП Гостивар. На ревијата учествуваа 80 пензионери од ЗП Охрид и Дебрца, ЗП Струга, Вевчани, Лабуништа, Македонски Брод, Кичево, ЗП Дебар, Центар Жупа и домаќинот ЗП Гостивар.

На ревијата присуствуваа претставници од СЗПМ и тоа Илија Адамоски, претседател на Собранието, кој истовремено ја поздрави ревијата и ја прогласи за отворена.

На почетокот пригодно обраќање имаше претседателот на ЗП Гостивар Нихази Џелали, како домаќин.

На 21 –та регионална ревија на песни, музика и игри во Гостивар, Струшкото здружение на пензионери настапи трето по ред со прекрасната изведба на пеачката група, која ги испеа трите песни: Дали думаш либе, Седенка се збира и Една младост кај Струга, со кои ја воодушевија публиката со убавиот настап, во Домот на културата АСНОМ во Гостивар.

По завршувањето на настапот на сите здруженија, претседателот на ЗП- Гостивар Нихази Џелали, во името на СЗПМ како организатор на ревијата им додели Благодарници за учество на 21-та регионална ревија од осмиот регион на сите претседатели од здруженијата на пензионери учесници.

Заедничката дружба продолжи со песна и игра во хотелот „Албис“ до доцна по пладнето, каде што се играше и пееше.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари