Струшките пензионери се пласираа за настап на Републичка ревија на песни музика и игри

- Локални
738

Комисијата за културно-забавен живот при СЗПМ, на својата последна одржана  седница одлучи на 9.та Републичка Ревија за песни, музика и игри, мешаната пеачка група при ЗП Струга „Езерски бран“ да настапи со песната „Абре моме млко моме“.  На 17 тата регионална ревија што се одржа на 20-ти  мај во Вевчани,во силната конкуренција од ЗП на осмиот регион, струшката група го освоии првото место и  доби  право да настапи на 7 јуни во Домот на АРМ во Скопје. каде што ќе се одржи 9.Републичка ревија на песни,музика и игри,а здружението со најдобар настап ќе биде избрано за учество на фестивалот за трето животно доба во Љубљана –Словенија во септември 2019 година.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари