Струшките средношколци имаа ,,час на вода“ во Охридското езеро

- Локални
453

Во организација на спортскиот клуб ,,Соларис“ , на иницијатива на професорките Фросина Постолоска (социологија) и Гордана Чакареска (географија) од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, во водите на Охридското Езеро се одржа првиот час на вода.

,,Учениците имаа уникатна можност непосредно да се запознат и да ги визуелизираат предадените сознанија од страна на професорките на тема Екологија и Природни езера во Македонија.“-информираат од спортскиот клуб ,,Соларис“-Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари