Струшките триатлонци одлични на Балканското првенство во Бар, Црна Гора

- Локални, Спорт
440
Викендов во Бар Црна Гора се одржа Балканското првенство во Триатлон.
 Триатлон репрезентацијата на Македонија во чиј состав  беа и Тија Кукунешоска и Матео Мачоски од струшкиот клуб ,,3Дисциплини“ ,настапи со девет членови, еден тренер и претседател.
Најдобар пласман освои Сергеј Малјановски Арнаудовски со освоено трето место во категорија супер спринт.
Покрај официјалната репрезентација на ова Балканско првенство ,покриени од своите родители настапија уште и :
Боби Јаневски
Томи Тодоровски
Дариан Грнчаровски
Гордан Божовиќ во категориите супер спринт и кидс триатлон.
Во категоријата Аге груп настапија Блерта Хани и Никола Кутаноски, а  на Балканското во Акватлон за помалите категории 2012-2013 настапија Марко Шаврески и Хади Исмаилоски.
Во категорија  2014 и и помали Стефанија Кутаноска, Софија Кутаноска и Јован Кутаноски.
Струшките триатлонци ги освоија следниве места:
Блерта Хани балкански првак жени Аге груп севкупнен победник и нејзина возрасна категорија повторно прва.
Никола Кутаноски трето место севкупен пласман и 2 ро место во негова категорија.
Додека во детските категории со пиедестал се закитивме во категорија 2014 и помали
Софија Кутаноска беше балкански првак акватлон или прво место.
Стефанија Кутаноска вице првак ,второ место
Во машка категорија Јован Кутаноски балкански првак во акватлон или прво место.
Во категорија 2012-2014 Марко Шаврески го освои 7-то  место, а додека Хади Исмаилоски 10 место.
,,Честитки за сите учесници на успешно завршената трка и освоените места. Повеќе настапи,повеќе искуство,помалку трема .“- вели тренерот Никола Кутаноски
Наредна трка за струшките триатлонци е државното првенство во Дуатлон Скопје.
Strugaonline

Facebook Коментари