Струшките велосипедисти со одлични резултати на Друмското првенство ,,Трофеј Велес“

- Локални, Спорт
586

Дел од членовите на триатлон клубот ,,Три дисциплини“ вчера учествуваа на Друмското првенство ,,Трофеј Велес“ за ранг листа под нивниот велосипедски клуб Championsistem.

Прво место освои Марко Шаревски кој на минатата трка ја освои третата позиција. Второ место освои Тија Кукунешоска која се натпреваруваше во машка конкуренција.

Третото место го освои Дамјан Бежоски (на претходната трка беше четврти). Петто место освои Хади Исмаилоски , шесто место освои Јован Кутаноски , а деветти беше Виктор Опетчески.

,, Учесниците од Струга докажаа дека знаат да го дадат својот максимум. Доследноста на тренинзите, дисциплината и меѓусебната почит како клуб носаат големи подеми. Продолжуваме понатаму уште посилни и уште подобри.,, – вели тренерот Никола Кутаноски.

Strugaonline

Facebook Коментари