Стружанец лани имал месечна плата во износ од 156 илјади евра

- Локални, Македонија
702

Битолчанец е најбогатиот граѓанин во Македонија кој лани заработил 3,5 милиони евра, а на стружанец му била исплатена највисока плата.

Стружанецот на кого му била исплатена највисока плата работел во индустријата со метали кој пријавил годишен бруто доход од 1,9 милиони евра, односно  месечната плата му била 156 илјади евра.

-Во споредба со 2018 та година има значително намалување на оставрените приходи по сите основи, а прво рангираниот, со овој доход, тогаш би бил деветторангиран, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Највисокото лично примање по друг основ за привремено вршење услуги кон градежна компанија пријавило лице од Скопје, во вредност од 789 илјади евра. Највисока капитална добивка од речиси 1,5 милион евра е остварена од скопјанец од продажба на сопственички удел во странска компанија, додека највисоката дивиденда од 3,4 милиони евра е исплатена на битолчанец, сопственик на бизнис од градежништвото.

Најмладиот милионер има 6 години, додека највозрасниот 101 година.

 

Facebook Коментари