Стружанец пронашол рачна бомба на улица „Едвард Кардељ“

- Локални
1294

На 13-ти февруари 2020 година, околу 20:10 часот, во Полициската станица во Струга, 54-годишниот С.С. од Струга пријавил дека на земјен пат пред неговиот дом на улицата „Едвард Кардељ“ забележал неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

На 14-ти февруари 2020 година бил извршен увид, а бомбата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари