Стружанецот Милко Нестороски наскоро со самостојна изложба во Скопје

- Локални
392

На 6-ти декември во Скопје ќе биде поставена самостојна изложба на талентираниот стружанец Милко Нестороски. Љубителите на уметноста, во Absinth Gallery ќе тргнат на  едно патување во еден фантастичен свет полн со таинствени шумски ликови и скулптури со пердувести мисли.

„За делата кои ќе бидат претставени на оваа изложба ме инспирираа одредени ликови, мотиви од природата но и предмети преку кои сум почувствувал дека можам да ги изразам своите гледишта и промисли во врска со природата на уметноста и нејзината улога во општеството како и човековата потреба од естетика и односот помеѓу човекот и природата. “ – вели Нестороски за Strugaonline.

Овој млад уметник дипломираше на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на професор Благоја Маневски. Има учествувано на повеќе групни изложби во Скопје и Струга, а својата прва самостојна изложба ја имаше изминатовто лето во својата родна Струга. Досега има учествувано на две колонии и три перформанси.

Милко Нестороски го подготвува својот нов работен и изложбен простор, во градскиот пазар на кат во Струга,  каде наскоро секој ќе може да види, купи или нарача негово дело.

Strugaonline

Facebook Коментари