Дебитантско остварување на струшката режисерка Лидија Мојсовска со својот прв краткометражен игран филм „Награда“, во продукција на „Лавиринт продукција“ а во соработка со Факултетот за драмски уметности.
Приказната во филмот „Награда“ е инспирирана од вистински настан, кој се случил за време на верскиот празник Водици. Младиот Арбен во филмот скока по крстот со намера да ја добие паричната награда, бидејќи парите му се потребни за лекувањето на неговото помало братче.
Снимањето се одвиваше од 16 до 19 март на локации во скопските населби Драчево, Ченто и во Керамидница.
Актерската екипа во филмот ја сочинуваат професионални актери и деца на возраст од 7 до 12 години. Ликот на Арбен го толкува Албан Лама, а во филмот настапуваат и актерите Аурита Агуши, Ердоан Максут и Викторија Анѓушева.
Бранко Аврамовски е директор на фотографија, Киријана А. Николоска е кастинг-директор и Acting Coach, а Анастасија Величковска и Бобан Петрушевски се авторија на сценографијата, продуцент е Петар Џуровски а извршен продуцент е Ирина Лазарова.
Краткометражниот игран филм „Награда“ на Лидија Мојсовска е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
И посакуваме уште многу многу фимлови и успех во работата.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари