Студио за танц ,,БАХ“ започнува со редовни часови и врши уписи на нови членови

- Локални
958

После успешното прво полугодие, Студио за танц ,,БАХ“ од 20-ти јануари започнува со редовни часови  со старите членови ( во истите термини)  со кои започнува да работи на нов оригинален проект за кој веќе е подготвено одлично сценарио. Со тој проект Баховки публиката ќе ја изненадат на лето.

Исто така, Бах отвара уписи за уште неколку (многу малку) слободни места за деца од 5 до 16  години, уписот е отворен до пополнување на слободните места и истиот ќе трае до 1-ви февруари. Телефон контакт за уписи : 078447530.

,, На наше големо задоволство местата забрзано се пополнуваат. Им благодариме на сите родители кои ги пријавија своите дечиња и ни укажаа доверба за ова полугодие. Сите кои сакаат да станат дел од Студиото за танц БАХ нека побрзаат, бидејќи има уште многу малку слободни места. ,, – вели Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц ,,БАХ“.

Таа додава дека освен големиот проект што светлината на денот ќе ја доживее на лето , во план е уште еден интересен проект, за кој публиката ќе биде навремено известена. Сите проекти се подготвуваат во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ -Струга.

 

Facebook Коментари