Сузана Ќелешоска од ООУ „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа е прогласена за најдобар наставник во регионот

- Локални
2257

Сузана Ќелешоска од ООУ „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа е прогласена за најдобар наставник во регионот.

Изминатите денови во период од 28 ноември до 1 декември 2024 година во Велика Горица се одржа 7.  Регионална конференција под мотото „Светот на образованието ги брише границите“. На истата учествуваа повеќе од 200 наставници, професори, воспитувачи и образовни лидери од шест земји. Целта на конференцијата е да ги инспирира и поврзе наставниците од различните земји на Балканот поттикнувајќи ги на меѓусебна соработка и разменување на образовни практики и идеи.

Во четирите дена  од Конференцијата учесниците имаа прилика да следат инспиративни предавања од странски стручњаци од различни образовни области.

Исто така, имаа можност и да разменуваат искуства и идеи преку работилници, панел дискусии, но и да ги промовираат своите наставни практики и идеи на Саемотот на образованието. Наставниците имаа можност да посетат и неколку образовни институции во Велика Горица и одблизу да се запознаат со традиционалните, постојните но и иновативните практики во образованието. Се создадоа нови пријателства, се стекнаа нови знаења и се разменија искуства со колегите од другите земји.

Македонскиот тим го сочинуваа 45 просветни наставници. Со признанија се закитија 7  најдобри наставници, 1 најдобар директор, 3 признанија за најдобри штандови на Саемот за образование и признание за најдобар амбасадор.

„Извонредна енергија вложуваме во секој момент од наставата, иновативни пристапи и мотивација, успешно се соочуваме со предизвиците и сме во постојана потрага по креативни решенија кои носат напредок и ги поместуваат границите.

Ова признание: Најдобар наставник во регионот од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот, е моја среќа и гордост!“ – изјави за strugaonline Сузана Ќелешоска.

– Бидете со нас, заедно да продолжиме да градиме мостови на поддршка и квалитетно образование. Нека оваа неверојатна енергија и понатаму патува, додава Ќелешоска.

Конференцијата беше затворена со емотивен музички видео запис во кој учество зедоа сите учесници на конференцијата. Спотот е замислен како потсетник на заедничката позитивна енергија и посветеноста со која наставниците ја работат оваа професија.

Следната 8 Конференција најавено домаќин да биде Охрид, и ќе се одржи наредната 2025 година.

StrugaOnline

Facebook Коментари