Свечено отворен планинарскиот дом „Троуглеш“ на Галичица

- Локални
376

По повод светскиот ден на планината  – 11 декември, минатата недела свечено беше отворен планинарскиот дом Троуглеш во организација на здружението на планинари „Великамен”.

И покрај врнежливото време на отворањето присуствуваа планинари, вљубеници на планината и планинските спортови од Охрид, Елшани, Пештани, Шипокно, Вевчани и планинарското друштво од Битола Festina Lente.
Планинарскиот дом Троуглеш е отворен за сите љубители на планината кои што сакаат да уживаат во природа. Домот е катче за релаксација со прекрасен поглед на Галичица и Охридското Езеро.

извор и фото: Павел Донески

Facebook Коментари