Театар ,,Провокација“ наскоро гостува во Охрид со претставата ,,Пациенти“

- Локални
237
Театар ,,Провокација“  гостува во НУЦК ,,Григор Прличев“ Охрид со претставата ,,Пациенти“ во сабота 10.12.2022 година со  почеток во 20.00 часот, цена на карта  е 200 денари, а претставата ќе се игра во голема сала.
Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески
Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски
Сценографија: Роберт Ристов
Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац
„ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит- комедија на ТЕАТАР Провокација.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземе во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.
Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.

Facebook Коментари