Театарската претстава за деца „Озо и Бозо“ на 1-ви септември ќе се игра во Охрид

- Локални
272

Општина Охрид информира дека на барање на охридската публика, продолжуваат со низата настани за деца преку Програмата за култура за 2023 година.

– Во петок, на 1. септември 2023 година, по повод почетокот на новата учебна година, повторно со нашите познати актери Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски и Тамара Ангелеска, ќе се одржи театарската претстава за деца „Озо и Бозо“. Претставата има за цел да се испрати универзална порака: Со насилство НЕ – со дружба може СЕ’! Претставата ќе се игра на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 19:30 часот, стои во соопштението.

Театарската претстава „Озо и Бозо“ е претстава која децата ќе ја проследат по повод почетокот на учебната година. Озо и Бозо се двајца браќа близнаци кои живеат заедно со дадилката во својот дворец, но Озо е тој кој постојано прави невољи и постојано сакам да се однесува како да е се’ негово. Во нивниот дом доаѓа гостинка која сака да се сретне со дадилката, но и со Озо за да ги праша нешто многу важно.

Низ многу згоди и незгоди со оваа претстава се испраќа апел до децата дека важно е да бидеме другари и секогаш да си помагаме, а насилството да не го применуваме во ниеден облик. Насилство во домот и во училиште не, со добри дела секаде и се’.

Facebook Коментари