Тече рокот за пријавување на турнирот „Враништа 2018“

- Локални, Спорт
1088

Tурнирот во мал фудбал „Враништа 2018“ година ќе започне на 08.05.2018 во 20:00 часот. Сите екипи кои сакаат да учествуваат можат да се пријавуваат во продавницата „КОСИБО“, лоцирана на спортскиот полигон во Враништа  најдоцна до 06.05.2018. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 07.05.2018, во 20:00 часот во училишната зграда.  „Почитувани спортисти, фудбалери, рекреативци, сакаме да ве замолиме пријавувањето на екипите да биде стриктно во продавницата КОСИБО (лоцирана веднаш до спортскиот полигон) притоа да се достави список на играчи и сумата за учество. Исто така би сакале да ве замолиме на денот на извлекувањето (07.05.2018, 20h) да има ЗАДОЛЖИТЕЛНО  присуство на еден член или претставник на екипата, во спротивно после напревениот распоред на играње, нема да ви биде удоволено при барањата за промена на термини за настап. “- велат организаторите

Финалниот натпревар од овогодинешниот турнир кој негува традиција долга 26 години, ќе се одржи на 02.06.2018 година по повод Верскиот празник „Свети Никола“.

Strugaonline

Facebook Коментари