Teматски форуми за социјална инклузија и родова еднаквост во петок во Струга

- Локални
542

Општина Струга ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на тематските форуми на кои присутните ќе имаат можност да предложат проекти во областа на социјална инклузија.


Првиот форум во заедницата ќе се одржи на 21.06.2019 (петок), во хотел Дрим, со почеток во 13.30 часот.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

„Во рамките на форумите во заедницата (вкупно 4 сесии) ќе се дискутира за проблеми и приоритети на Општина Струга и ќе се понудат решенија од кои ќе произлезат идеи за проекти и иницијативи за предлог проекти. Од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните. Со фондот на проектот од 50,000 CHF (швајцарски франци) ќе се финансира најмалку еден а најмногу три проекти, кои ќе се изберат и подготват од страна на учесниците на форумите. На последната сесија, петтата, ќе се дадат иформации околу спроведувањето на избраните проекти од форумот и препораки.“ -информираат од Општина Струга
Тема на форумите ќе биде социјалната инклузија, како и темите како родовата еднаквост, добро владеење и мултиетничка соработка.

Поканети се сите заинтересирани странки, пред се граѓаните, НВО, претставници на деловниот сектор, образовните и социјалните институции, итн., да учествуваат на форумските сесии.

Strugaonline

Facebook Коментари