Продолжува разубавувањето на градот Струга oд страна на екипите на „ЈП Комунално-Струга“.
Од јавното претпријатие информираат дека во рамки на нивните активности и целта Струга оваа есен да стане главна туристичка дестинација во Македонија, засадени се разновидни сезонски цвеќа.
-Во центарот на градот и на неколку други локации беа засадени разни цвеќиња, кои му даваат на градот изглед кој претходно му недостасуваше. Им ветуваме на граѓаните дека ова е само почеток, треба многу да работиме, особено во центарот на градот, каде што работата ќе продолжи и градот Струга, како туристички град, ќе го добие заслужениот изглед-стои во соопштението од ЈП Комунално.
Оттаму изразија надеж дека стружани и туристите кои ќе го посетат нашиот град оваа сезона ќе бидат задоволни и како што велат, Струга ќе остане главна дестинација за летен одмор.
Strugaonline
Facebook Коментари