Тимовите на Универзитетска Клиника за кардиологија Скопје и Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести Охрид заедно извршија имплантација на два трајни електростимулатори

- Локални
3806

Професионалната соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки  установи-Универзитетска Клиника за кардиологија Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за  кардиоваскуларни болести ,Охрид  ,започна активно да се развива  во интерес на медицината ,науката и квалитетот на услуги на  пациентите.

Во текот на вчерашниот ден заеднички тим од двете установи  извршија имплантација на  два трајни електростимулатори на пациенти.

Во присуство на директорите на двете установи  Др.Жан Зимбаков  и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана  вистинска соработка  која ќе вроди со натамошен развој  на медицинската  наука ,воведување на  нови процедури и методи  и во крајна линија  континуитет во подобрување на квалитет на услуги за  нашите пациенти.

„ На наше големо задоволство  можеме да ја информираме јавноста  дека одделот за електростимулација во ЈЗУ Специјализирана болница за  кардиоваскуларни заболувања  од денес  започна со редовен  програм .“ -информираат од болницата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари