Министри на владата, претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко и бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката „Црн Дрим“ во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше Томче Голабоски.
Тој по петти пат успеа да го извади светиот Крст од осветените води на реката Црн Дрим и посака здравје и духовна благосостојба во секој дом.
– Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Петти пат го фаќам крстот. Сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во секој дом, да донесе среќа, здравје и спасение. – изјави Томче Голабоски.
Кумови на овогодинешниот празник „Богојавлeние Водици“ беа Ивица Томоски и Петко Кутаноски кои што го даруваа среќникот кој што го фати крстот. Голабоски беше даруван и од страна на црквата и спонзорите на манифестацијата.
Следната година кум на „Богојавлeние Водици“ ќе биде Цветан Аврамоски.
Извор и фото: Strugaonline
Facebook Коментари