Триатлонците од Струга со одличнни резултати на Купот на Македонија во велосипедизам

- Локални, Спорт
913
Членовите од Триатлон клубот 3Дисциплини од Струга одлични на Купот на Македонија во велосипедизам  што се одржа во Охрид.
Димитар Јованоски е апсолутен победник, Олса Орани освои прво место во категорија у-13 и прво место жениу-13. Тија Кукунешоска освои второ  место жени у-13 и трето место у-13. Симеон Јованоски освои прво  место машки У-13 и второ место   у-13. Хади Исмаилоски второ место машки У-13, Марко Шаврески трето место у -13.
Во добро светло се покажаа и најмладите, Јован Кутаноски (осум години) освои четврто место, а Виктор Опетчески освои четврто место.
Следен предизвик за струшките триатлонци ќе биде триатлон натпреварот што наредниот викенд ќе се одржи во Скопје.
Strugaonline

Facebook Коментари