Втора година по ред, Охрид ќе биде домаќин на голем триатлон настан.
Македонска триатлон федерација и локалниот организатор „Спорт за сите, сите за спорт“, на 6-ти и 7-ми јули покрај „Билјанините извори” во Охрид, ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.
„Градот Охрид и Охриското езеро како културно и природно наследство на УНЕСКО, лоцирани на 695 метри надморска височина, ќе понудат кристално чиста вода за пливање, природни убавини покрај кои ќе се вози велосипед и традиционалното гостопримство и пријателство на нашата нација како помош во делот на трчањето. Во склоп на јуниорскиот куп ќе се одржи и отворено национално триатлон првенство.“ – информираат организаторите.
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов ЛИНК
Strugaonline
Facebook Коментари