Ученици од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга со одлични резултати на регионалниот натпревар по Природни науки
На 3 април 2026 година, ученици од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга постигнаа значаен успех на регионалниот натпревар по Природни науки, претставувајќи го своето училиште со знаење, посветеност и одлични резултати.
Во категоријата за IV одделение, учениците освоија повеќе награди и признанија. Со втора награда се закитија Лена Милеска, Иво Василески и Доротеј Домазетоски, додека Калин Домазетоски и Антонија Чакар освоија трета награда. Пофалници добија Доротеа Хаџиевска и Матеј Лазороски. Ментор на оваа група ученици беше наставничката Снежана Миловановиќ.
И учениците од V одделение остварија забележителен успех. Илина Буклиоска и Михаил Миладинов освоија втора награда, додека со трета награда се закитија Марко Танески, Александар Стојкоски, Кристијан Наумоски, Сара Милеска и Филип Лазороски. Нивен ментор беше наставничката Ангелина Стојкоска.
Овој успех претставува потврда за квалитетната работа на учениците и нивните ментори, како и за посветеноста на училиштето во развојот на знаењата од природните науки.
Честитки за сите ученици и нивните ментори за постигнатите резултати, со желби за уште поголеми успеси на претстојниот државен натпревар.
StrugaOnline

