Ученици од Подгорци денеска трчаа за симболично одбележување на Интернационален ден посветен на децата заболени од карцином

- Локални
690
 Учениците од IX-1 одд. од ООУ ,,Гоце Делчев”- Подгорци, на часот по изборен предмет – спорт, под водство на наставничката Мими Стојаноска симболично истрчаа 2 км за поддршка и одбележување на 15-ти февруари, Интернационален ден посветен  на децата заболени од карцином.
15-ти февруари се одбележува секоја година со цел да се прошири свеста за карциномот кај децата. Денот ја поттикнува и поддршката за семејствата на тие дечиња
Според  податоците од Светската здравствена организација (СЗО), на 300.000 деца на возраст меѓу 0 и 19 години секоја година им се дијагностицира карцином.
,,Грижете се за себе и за вашите најблиски,  ако познавате дете болно од таа болест, охрабрете го и покажете ја вашата поддршка за семејството!,,-апелира тимот на Општина Струга по повод денешниот ден.
Strugaonline

Facebook Коментари