Учениците и професорите од ДМУ-Струга во посета на Македонска филхармонија

- Локални
158
Учениците и дел од професорите од Државното музичко училиште од Струга беа гости на Националната установа „ Македонска филхармонија“. Македонската филхармонија е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Северна Македонија.
,,Нашите домаќини покажаа гостопримство и ги запознаа учениците со условите каде што работат филхармоничарите. Учениците ги посетија малата и големата сала, фоајето, вежбалните и музичкото студио. На крајот учениците и професорите присуствуваа на пробата за концертот на Филхармонијата кој ќе се одржи на 19.10.2023 година на чија програма се дела од Збигњев Прајснер напишани за антологиските филмови на Кшиштоф Кишловски.“ -информираат од Државното музичко училиште-Струга.
Учениците и професорите се запознаа и со диригентот на концертот, маестро Николас Чалмерс од Англија.
Од струшкото музичко училиште изразија голема благодарност до домаќините, НУ „Филхармонија“ и особено до директорот Даниел Лазаревски и до Александар Ниниќ за нивното гостопримство и отвореност за нивните сегашни млади музички таленти, но идни главни чинители на музичката сцена во нашата држава.
Strugaonline

Facebook Коментари