Учениците од основното и средното музичко училиште во Струга со три новогодишни концерти, првиот е утре

- Локални
561

Утревечер со почеток во 19:00 часот концерт ќе одржат учениците од Основното општинско музичко училиште Струга.  Станува збор за околу двесте ученици кои ќе настапат секој со својот инструмент  што го изучува (клавир, виолина, флејта, хармоника, клаирент и гитрара). Во рамки на овој концерт, за прв пат ќе настапи и хорот на училиштето. Концертот ќе се одржи во хотел Дрим.

На истата локација, на 25-ти декември во 19:00 часот љубителите на музичката уметност ќе имаат можност да го проследат концертот на учениците од Државното музичко училиште ,,Тодор Скалоски-Тетоец“-паралелка Струга, секој на инструментот што го изучува, а  свој настап ќе има и хорот на училиштето.

За љубителите на фолклорот, на 26-ти декември во хотел Дрим концерт ќе одржи фолклорната група од ДМУ ,,Тодор Скаловски-Теттоец“.  Почетокот е закажан за 18:00 часот.

Влезот за сите концерти е слободен.

Strugaonline

 

Facebook Коментари