Училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе биде целосно реновирано со поддршка од МОН

- Локални
797

Основното образование значително се модернизира во последниот период, не само преку изработка на нови наставни програми и учебници, туку и преку вложувања во инфраструктурните услови. Само во моментов градиме седум објекти за основно образование и 4 училишни спортски сали, а реконструктивни активности се одвиваат во 40тина училишта. Исто така, во сите основни училишта се испорачува и нова опрема за кабинетите по природни науки и јас денеска лично се уверив дека динамиката на испорака на новите нагледни средства и помагала по математика, хемија, физика и биологија се одвива според планираното, така што до почетокот на новата учебна година голем дел од активностите за подобри услови за основните ќе бидат целосно заокружени.

Ова го истакнав по посетата на основните училишта “Браќа Миладиновци” во центарот на Струга, “Јосип Броз Тито” и подрачно основно училиште во селото Враништа, која е во склоп на основното училиште “Јосип Броз Тито” од градот Струга , каде разговарав со училишните раководства за постигањата на овие училишта во тековната учебна година, но и за предизвиците со кои тие се соочуваат.-информираше Министерот за образование Јетон Шаќири.

Поддршката која МОН ја обезбедува, како досега така и во иднина ќе биде подеднаква за сите општини и училишта во државата, па така нема да изостанат ниту струшките училишта.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во следниот период целосно ќе се реконструира. Наскоро се планира да започне изградбата на нова спортска сала во основното училиште „Нури Мазари“ во село Делогожди, каде недостасува ваков објект, а инвестицијата е предвидена со проектот на МОН за изградба на училишни спортски сали и реконструкција на постојни училишни објекти, финансиран од Банката за развој при Советот на Европа.

StrugaOnline

Facebook Коментари