УХМР: За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање.
Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

