ДООЕЛ „УНИПЛАСТ БК“ – Струга има потреба од работници во производство.
Новите вработени ќе ги имаат следниве работни задачи:
Ламинирање на армиран полиестер, проверка на квалитетот и доработка, одржување и подготовка на калапи и пакување.
За овие позиции ќе се спроведе и обука. Учесниците во обуката ќе склучат договор за работа за една од горе-наведените работни задачи.
ДООЕЛ „УНИПЛАСТ БК“ – Струга е лидер во производство на производи од армиран полиестер во Република Македонија, станете дел од нивниот успешен тим.
Сите заинтересирани можат да се пријават на меил адресата: [email protected], на телефонскиот број 046/780-180 или во просториите на „Унипласт“, компанија која се наоѓа во Индустриска зона Струга (село Мороишта).
Strugaonline
Facebook Коментари