Успешнната приказна на Мартин Попески-Од Вевчани до Кралскиот колеџ во Лондон и постдипломски студии во Цирих

- Локални
826

Запознајте го Мартин Попески. Скромно 22-годишно момче со ни малку скромен талент и апетит за успешна иднина. Тој веќе има диплома по математика со менаџмент и финансии на Кралскиот колеџ во Лондон, а моментално е на магистратура на научниот универзитет ETH во Цирих.


Мартин е роден во Вевчани, каде што завршил основно образование во „Страшо Пинџур“, а по освоеното прво место на приемниот испит, успеал да се запише во средното училиште „Јахја Кемал“ во Струга.

Тој уште од мали имал желба да се школува во странство, а амбициите за такво нешто се интензивирале по запишувањето во средното училиште „Јахја Кемал”. Тоа училиште е познато по големата „колонија“ на свои ученици што се на студии во странство. Токму оваа амбиција го одвела Мартин до Кралскиот колеџ во Лондон, каде што успеал да биде примен со стипендија. Во Лондон, Мартин освен со дипломата, се стекнал и со три награди.

– Кралскиот колеџ и отсекот математика со менаџмент и финансии беа едни од попривлечните понуди, но пресуден беше фактот што овој универзитет се наоѓа во Лондон, како светска метропола и една од најпосакуваните дестинации за кариера во финансии. На Кралскиот колеџ фокусот главно ми беше насочен на математичка теорија и нејзината примена во финансискиот свет. Во текот на тригодишните студии се стекнав со три поголеми награди, и тоа за најдобар студент во мојата насока, потоа наградата “King’s Research Award” за мојот труд претходното лето и “Drew Medal”, кој ми беше доделен за најдобар студент во целиот математички оддел.-вели Мартин за факултети.мк.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: fakulteti.mk

Facebook Коментари