Успешно заврши показната вежба за спасување од пожари во училиштето „Јахја Кемал“

- Локални
272

Денеска во приватнот училиште „Јахја Кемал“ се одржа  тактично-показна вежба ,,Гаснење на пожар и евакуација на училиштето“ спорведена во соработка со ТППЕ-Струга и Црвен крст-Струга.

Секоја година, согласно програмата на  училиште, се организираат активности  чија цел е обучување на персоналот и учениците за справување со разни несакани ситуации.

„Годинава, на наше огромно задоволство спроведовме заедничка тактичко-показна вежба заедно со ТППЕ – Струга и ОО на Црвен Крст. Акцијата се состоеше во симулација на активности на дејствување и справување со последици од разорен земјотрес, при кој, поради оштетувања во гасната инсталација избива пожар кој го блокира десното крило на училиштето и евакуацијата на учениците е спречена. Општа констатација е дека акција беше успешна.“ -изјави Проф. Коста Хиохи, кординатор на вежбата.

Навременото повикувањето на екипите на ТППЕ-Струга во случај на пожар е од клучно значење, но потребни се и основни знаеања за заштита пред да пристигне екипата. 

„Оваа вежба беше во насока на едукативно и превентивно делување како во случај на пожар треба да се врши евакуација на ученици и вработени и да ги преземат сите неопходни чекори за заштита од последици од пожар најпрво за луѓето, а потоа и на материјалните добра. Превенцијата е од клучно значење, затоа ТППЕ Струга им стои на располагање на сите институции кои сакаат практично да ги едуцираат своите кадри – вели Ристе Талески Командир на ТППЕ Струга.

Доколку се најдете на место каде избил пожар, важно е да знаете да пружите прва помош додека не стигне потребната стручна медицинска помош, посебно во случај на изгореници.

„Црвен крст на оваа показна вежба со стручен докторски тим покажа како се пружа прва помош при изгореници во случај на пожар.  Денеска  покажавме колку е важна соработката помеѓу институциите како и нивната транспарентност при работата. Едукацијата кај младите од ваков тип е многу важна.“ – изјави Адуриме Даути секретар во ОО Црвен Крст-Струга.

Симулација на пожари е се почеста појава не само во Струга, туку и во другите градови во Македонија, бидејќи е неопходно едукација на оваа тема, и секако сугестии за психолошка пoдготовка, да се остане смирен и да се направи потребното за да нема повредени лици.

Извор и фото: Strugaonline

 

Facebook Коментари