ТОП Вести

Утре ќе изостане традиционалната Бадникова поворка во Струга

- Локални
583

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Оваа година поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување, а нема да се одржат ниту Бадниковите поворки.

Поради состојбата со вирусот ковид 19 и во Струга ќе изостане убавата традиција во која најмладите го најавуваат Христовото раѓање преку Бадниковата поворка.

Од Соборниот храм ,,Свети Ѓорѓи“ во Струга, информираат дека утре во 07:00 часот ќе се одржи Бадникова Божествена Литургија со почитување на сите мерки за заштита.

Strugaonline

Facebook Коментари

error: