Утре, во 12 часот со свечена церемонија по повод 80-годишнината од ослободувањето на нашиот град, ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга на градскиот плоштад подготви приредба под мотото „Струга ми е во срцето“. Приредбата ќе биде посветена на градот Струга, по повод 80-годишноната од нејзиното ослободување, а на неа ќе учествуваат над 200 ученици.
„Учениците, заедно со наставниците и другите вработени оваа недела максимално се посветија со активности за нашиот град. Струга не е обичен град, тој е град од кој излегле едни од најистакнатите борци за слобода, тука биле напишани стиховите за нашата химна ,,Денес над Македонија”.
Утре ги покануваме сите да запееме за нашата Струга, да спомнеме за нашето минато и за иднината. Струга е најлична зашто во неа живеат луѓе полни со љубов спрема неа, луѓе коишто со гордост спомнуваат дека Струга е наша, едноставно дека Струга, покрај што е град на две води, таа град во кој дошол никогаш не си заминал без најубави спомени!„ – истакна директорката Дејана Чакар.
StrugaOnline
Facebook Коментари