Утре се игра струшкото дерби меѓу Македонија Враништа и Караорман

- Локални
491
Викендот се игра 8. коло од Третата лига – Југозапад. Колото ќе биде отворено во сабота со мечот меѓу Октиси и Стрела. Во недела се игра дерби-пресметката во Охрид, каде ќе се судрат лидерот Воска Спорт и третопласираниот Новаци, струшко дерби во Враништа меѓу Македонија и фаворитот Караорман.
Црно Буки на домашен терен ќе биде голем фаворит против Белица, Фламуртари ќе ја пречека екипата на Дебарца, во Волино ќе се судрат домаќинот Сатеска и Лирија. Влазними на домашен терен ќе се соочи со расположената екипа на Кравари, Победа на домашниот терен во Ивањевци ќе бара излез од резултатската криза против Преспа.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Извор : Спортска мрежа

Facebook Коментари