Лев банер Десен банер

Утре Струга ќе го одбележи празникот Цветници со богата културно-уметничка програма

Соборен храм Св. Ѓорѓи ги поканува граѓаните да се придружат на одбележувањето на големиот христијански празник Цветници, кое ќе се одржи утре, недела, 5 април, со почеток од 11 часот.

Настанот ќе се реализира во просторот кај Св. Пречиста Богородица, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата и разновидна празнична програма. Организаторите најавуваат рецитали, како и конкурси за ликовна и книжевна творба (проза и поезија), под работен наслов „Срцето го чека Велигден“.

Покрај културниот дел, ќе биде организиран и велигденски базар со рачни изработки и празнични украси, што дополнително ќе ја збогати атмосферата и ќе им овозможи на посетителите да уживаат во духот на претстојните празници.

Организаторите најавуваат пријатна и свечена атмосфера, со цел заедничко одбележување на празникот и поттикнување на креативноста кај најмладите, но и кај сите љубители на уметноста и традицијата.

StrugaOnline

error: